Софија Лорен позираше со сваќата Добрила од Србија: Едната има 91 година, другата 89 години и нереално е како изгледаат

Добивај вести на Viber

Легендарната Софија Лорен наполни 91 година на 20 септември! Таа прослави со своето семејство во Женева, Швајцарија. Деталите за роденденската забава ги откри нејзината снаа од Србија, холивудската актерка Саша Александер.

„Среќен роденден, Софија! Те сакаме“, напиша Саша Александер на Инстаграм, каде што објави голем број детали од прославата, како што е роденденската торта во чест на една од најубавите жени во историјата.

Италијанската дива седеше меѓу своите синови, Едоардо и Карло Понти помладиот, кој неодамна се венчаше во православен манастир.

Веднаш до Едоардо Понти беше неговата сопруга, Саша Александер, а до неа нејзината мајка од Белград, Добрила Добрњаковиќ (89), чиј прекар е Лула. Сваќата на познатата Софија Лорен воодушевува со убавина, стас, грациознос и стил на облекување на прагот од 10-тата деценија.

Софија и Добрила имаат многу заедничко, заедно се како најубав тандем. Ги срушија годините и целосно ги сведоа само на бројка. Можеби тоа се должи на фактот што живеат со љубов и јасна цел, како што напиша Саша Александер на Инстаграм.

Мајката на Саша Александер не се појавува често во јавност, а кога прави исклучок, тоа е најчесто на Инстаграм профилот на нејзината ќерка, која минатата година, кога ѝ го честиташе роденденот, нагласи дека нејзината ќерка Луција Софија е многу блиска со нејзината баба, што ја прави многу среќна.

Луција Софија сигурно има одличен однос со својата баба Софија Лорен, по која го добила и средното име. Саша Александер и режисерот Едоардо Понти го имаат и синот, Леонардо.

Успешната актерка, чие вистинско име е Сузана С. Дробњаковиќ, е родена пред 53 години во Лос Анџелес. Нејзиниот татко, Драгиша, е од Чачак.

Сузана го користеше името и прекарот на својот постар брат како холивудски псевдоним. Ја имате видено во бројни хит серии и филмови, „Морнарички истражители“, „Место на злосторството: Лас Вегас“, „Невозможна мисија 3“, „Опасни лаги“.

Таа гордо истакнува дека е снаа на Софија Лорен, како и нејзиното српско потекло, некогаш течно го зборувала на српски јазик на малите екрани во Америка.

Софија Лорен воодушеви со својата безвременска убавина, па обожавателите на Инстаграм велат: „Безвременска убавина“, „Гордост на Италија“, „Прекрасна дури и на 91 година“.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs

Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група