Спијат под камен крст за здравје и рожба: Во оваа црква близу Скопје се наоѓа манастирот кој има исцелителна моќ

Добивај вести на Viber

Кога патувате во правец од Скопје кон Куманово од вашата десна страна, високо кај селото Дељадровце се издига познатиот манастир посветен на Св. Ѓорѓија.

Не може, да поминете покрај патот, а да не го забележите. Има специфична архитектура, изграден од црвено - бели тули.

Манастирот е изграден во 1921 година, врз темелите на старото светилиште. Манастирот Св. Ѓорѓија е осветен во 1935 година, кога бил завршен и иконостасот.

Карактеристично за овој манастир е што, покрај Соборната црква „Свети Ѓорѓи“, има уште 4 светилишта. Црквата посветена на раѓањето на Пресвета Богородица, црквата „Света Злата Мегленска“, параклис посветен на Света Петка и на Света Недела и параклис посветен на Свети Михаил и Свети Гаврил.

Ако има повеќе од 4 светилишта во еден манастирски комплекс, тој станува црковна лавра и е единствена во Кумановско-осоговската епархија.


Манастирот е познат и по тоа што тука се наоѓа гробот на митрополитот полошко-кумановски Кирил. Негова желба била неговото тело да почива во овој манастир.

Овој манастирски комплекс располага и со конаци каде посетителите можат да преспијат. Тој располага со конаци, во кои има 8 двокреветни соби. 
Во црквата има просторија и исцелителен крст, на кој паровите се молат за да добијат принова.

Во црквата Св. Богородица која што е дел од овој манастирски комплекс се наоѓа мал камен крст, за кои верниците сметаат дека има исцелителна моќ. Многу верници доаѓаат тука и преспиваат под него. Голем број на верници тврдат дека им помогнал и оздравеле или им се родила рожба. Оваа мала црква се наоѓа пред главната црква.

Според кажувања на старешините од манастирот имало случаи брачни двојки кои по 10 години  се обидувале да основаат семејство не можеле, но по посетата на манастирот, Бог ги помилувал и добиле принова. Ова место не го посетуваат само православни верници, туку и парови од муслимаска вероисповед кои веруваат дека по посетата на овој манастир ќе им се оставри долгоочекуваната желба.

Фото: Патувања низ Македонија/ Фејсбук