Туршија која треба да ја дадете на вашето дете и онаа која можете да ја отстапите на вашиот непријател

Со доаѓањето на есента и првите студени денови, во многу македонски домови почнува подготовката на зимница – традиција која носи мириси и вкусови што се пренесуваат со генерации.
Но, лекарите предупредуваат дека не секоја зимница е подеднакво здрава и дека треба да внимаваме што внесуваме во организмот.
Најздрави избори
На прво место се туршиите од свежо зеленчук – краставички, пиперки, моркови, карфиол и зелка. Богати се со витамини и минерали, а процесот на ферментација создава и пробиотици кои го зајакнуваат варењето и имунитетот.
Исто така, замрзнатите зеленчуци и овошја се добар избор, бидејќи ја задржуваат речиси целата хранлива вредност и се подготвуваат без дополнителни конзерванси.
Лекарите препорачуваат и печење пиперки или модри патлиџани, кои подоцна може да се користат за различни здрави рецепти.
Зимница што треба да се избегнува
Најголем ризик претставуваат ајварите, џемовите и слатките кои содржат премногу масло и шеќер. Претерувањето со шеќер значи ризик за дебелина и дијабетес, додека вишокот масло може да влијае на холестеролот и работата на срцето.
Исто така, зимницата со премногу сол – како некои видови кисела зелка или туршии – може да предизвика проблеми со крвниот притисок.
Традицијата на зимницата може да се зачува и на здрав начин – со умерено користење на сол и масло, повеќе ферментирани производи и замрзнат зеленчук. Така ќе уживаме во вкусот на зимата, а истовремено ќе го заштитиме нашето здравје.
РЖМ / Фото: Freepik