Интервјуа // Интервјуа
„Успението на Пресвета Богородица е празник за потврда на нашата надеж за воскресението“: Разговор со отец Игор Калпаковски

Денешниот ден, верниците во Македонија го чекаат со голема радост. Успението на Пресвета Богородица е еден од најголемите и најрадосните празници, кој се прославува помеѓу верниците во Македонија.
Богородица, мајката на синот Божји, традициски најчесто се конотира со заштитата на мајките, децата и домот. Затоа денешниот празник многу верници го поврзуваат и со заштита на домот, децата и жените.
Сепак „Успение на Пресвета Богородица“ има многу големо и суштинско значење од симболичка природа, кое е поврзано со историскиот настан за упокојувањето на Богородица.
За тоа што симболизира празникот, но и како правилно се празнува, што денеска треба да правите, а што да избегнувате, за „Женски магазин“ говори отец Игор Калпаковски од Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.
Разговорот проследете го во продолжение:
Магдалена Стојмановиќ