Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Марјан Бебекоски: Најголема мотивација и енергија ми дава пролетното сонце
Денот за мене почнува во 08:30, кафето го прескокнувам, правам цеден сок или некој „healthy snacks“, туш и се подготвувам за обврските што ме чекаат.

Периодов, да бидам искрен, најголема мотивација и енергија ми дава пролетното сонце.

Работните обврски ми почнуваат од 10:30 во студио. Работата ми е уживање затоа што сум опкружен со прекрасни колеги. Една од поголемите обврски во денот ми е клиентите да бидат задоволни.

Денот ми завршува најчесто со моите другари и колеги, чашка вино и муабет. Понекогаш и со филм и пуканки.

(Марјан Бебекоски- моден дизајнер)