(ВИДЕО) Цел свет зборува за неговата постапка: Одби да ги смести своите родители во дом за стари лица!

Добивај вести на Viber

Како што нашите родители стареат, ние сакаме да имаат достоинствен и убав живот. Тешко е кога не сме со нашите најблиски кога тие стареат. Постојат многу домови за стари лица кои се многу убави, но и такви кои се грди и депресивни.

Но, Кенет Делфин го најде совршеното решение. Неговата идеја е да им понуди вистинска помош на старите лица, за тие да бидат блиску до своите семејства, но и да не бидат лишени од слобода. Направи нешто што го нарече „Granny Pods“.

Малите колиби се опремени со сè што ви треба за удобен и безбеден живот. Нивната величина е толку голема што можат да се изградат во вашиот двор. На тој начин, вашите најблиски секогаш можат да бидат близу вас и да ја имаат потребната помош.

Куќите се подвижни и може да се достават и лесно може да се постават во вашиот двор. Тие исто така имаат влез за инвалидски колички, електрична енергија, вода што се поврзани со главната куќа. Паметно, нели? А внатрешноста изгледа апсолутно прекрасно!

Тие исто така имаат голема опремена кујна, со фрижидер, микробранова печка, машина за миење садови.


Куќите имаат и дефибрилатори, прва помош и осветлен под. Бањата е добро опремена и прилагодена за лица со попреченост. Креветот може да се поместува и со тоа им се олеснува секој ден. Дали ви се допаѓа оваа, прекрасна куќа?


Фото и Видео:Youtube/CBS

Moжеби ќе ве интересира:

На чија душа останува гревот: Што се/не се должни децата да им вратат на своите родители кога ќе пораснат?