Видео кое ќе ве растрепери: Андреј ДНК танцува со ќеркичката и низ песна ѝ кажува колку ја сака

Добивај вести на Viber

Емотивен танц на татко и ќерка

Андреј Ѓеорѓиески познат како Андреј од дуото ДНК, сподели емотивно видео со ќерката Јана, на кое двајцата танцуваат во ритамот на песната „Ти кажав дека те сакам...Но те излажав“ од Мајкл Болтон („Said I loved you... But I lied“ by Michael Bolton).

„Ти кажав дека те сакам, но те излажав". Не постои термин со кој би можел да ја опишам мојата љубов кон тебе, Јано мори... напиша Андреј во описот на видеото кое го објави на својот Фејсбук профил.


Инаку текстот на оваа песна е многу емотивен и во неа се зборува како не постојат зборови со кои може да се искаже силната љубов.

За ќеркичката Јана и сопругата Наталија, Андреј зборуваше неодамна во интервју за Женски магазин.