Викенд хороскоп: Лошите искуства од минатото ќе ги претворите во лекција!

ВАГА
Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.
ШКОРПИЈА
Поради вашето макотрпно работење, време е да се почестите со шопинг. Внимателно разгледајте ги продавниците, можеби ќе најдете одлично парче облека кое добро ќе ви прилега. Во недела вечер, излезете и релаксирајте се пред напорната работна недела.
СТРЕЛЕЦ
Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе придонесе да се чувствувате поенергично. Во сабота, партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него.
ЈАРЕЦ
Во деновите кои ви претстојат можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сè. Не сте во врска? Овој викенд ќе ви биде полн погодок!
ВОДОЛИЈА
Овој викенд потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Присуствувајте на сите забавни настани и збогатете си го вашиот социјален живот. Некој од луѓето кои ќе ги запознаете овој викенд понатаму ќе стане многу важна личност во вашиот живот.
РИБИ
Почнете да се однесувате добро кон вашите пријатели и кон сите во вашето опкружување, бидејќи многу лесно сите може да ви го свртат грбот. Научете некогаш и да ги премолчите вашите злонамерни коментари. Сабота е поволен ден за средба со пријателите.