Во „Аџибадем Систина“ спасен е животот на трудница со дисекција на аорта, бебето e во стабилна состојба

Прв случај во регионот каде преживува бебе во 31.г.недела на родилка со тешка форма на аортна дисекција
Кардиохируршкиот, гинеколошкиот и педијатрискиот тим на „Аџибадем Систина“ го спасиja животот на 27-годишна трудница која во 31. гестациска недела во животозагрозувачка состојба, со знаци на тешка форма на дисекција на аортата дојде во ургентниот центар на болницата. Со итен царски рез пред сè е спасен животот на бебето, а потоа се продолжи со операција на аортата. И бебето и мајката денес се во стабилна здравствена состојба.
Ова е прв случај во регионот во кој е изведен царски рез и кардиохируршка операција и се спасени два живота. Ваквиот историски успех ја вбројува „Аџибадем Систина“ во листата на врвните центри каде што може да се третираат и најкомплексни кардиохируршки интервенции. Во стручната литература досега се објавени неколку вакви случаи во САД, каде што трудниците биле во поодмината бременост (34-35. гестациска недела). Смртноста кај вакви случаи се проценува на 55- 60 %.
Пациентката не била прифатена од сите други болници и кардиохируршки центри
Поради комплексноста на случајот, пациентката, иако се упатила со силна градна болка, отежнато дишење и во тешка општа состојба, била одбиена од другите болници во Скопје со образложение дека не можат да ја третираат.
Итен царски рез
Ваквата состојба е животозагрозувачка, особено во овој случај, каде што беше потребно да се спасат два човечки животи, на мајката и бебето.
Прв ваков случај во регионот
Проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург со долгогодишно искуство, вели дека ваков комплициран случај во кој преживеало и бебето досега не е регистриран во кардиохируршките центри во регионот.
Бебето е во стабилна состојба
„Аџибадем Систина“ е единствена болница подготвена да одговори на вакви случаи
Успешниот третман на мајката и бебето е само потврда на стручноста, екипираноста и подготвеноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да одговори и на најкомплексни случаи каде што е потребен тим од различни специјалности. Мултидисциплинарниот пристап и најсовремено опремената Единица за неонатална интензивна нега резултираше со два спасени човечки животи.