Во годината на јубилејот, НЛБ Банка со нова веб страница: Интуитивна структура, прегледна и разбирлива содржина и лесна навигација

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината на одбележување на 40 годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше и нова веб страница, достапна на линкот www.nlb.mk. Новата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредедена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на Банката.
Новата веб-страницата има интуитивна структура, прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, што им овозможува на посетителите на страната унапредено искуство при пребарување на потребните услуги и продукти.
Дополнително, ново-лансираната веб страница има јасно истакнати опции за директен контакт со Банката, како и напреднилокаторикоиимпомагаатна клиентите брзодаго пронајдатнајблискиот банкомат и/илиекспозитура.
Воедно, подобрени се и калкулаторите за кредитните продукти кои ги нуди Банката, што ќе им овозможи на клиентите полесноносење на важните финансиски одлуки, од удобноста на својот дом или од кое било место и во секое време.
Новата веб страница не е само технолошки проект. Таа претставува суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка.
НЛБ Банка ќе продолжи да ја унапредува својата веб страница, сè со цел, да им обезбеди на посетителите пристап до секоја важна банкарска содржина.
*ПР објава