Актуелно // Insta вести
Во кругот на најблиските ги дувна свеќичките: Горан Папаз прослави роденден

Музичарот Горан Папаз имаше убав повод за да ги собере најблиските.
Тој на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека прославил роденден, наполнил 37 години. И токму во кругот на неговите најдраги луѓе ги дувнал свеќичките.
Со синот Дамиан до него и неговата сопруга Наташа, која е бремена и носи тројка, Папаз со насмевка ги дувнал свеќите.
Дамиан е копија на неговиот татко, нивната сличност е неверојатна, а можеби во иднина ќе го наследи и неговиот талент кон музиката.
Р.Ж.М
Фото: Инстаграм