Во модерно време имаме една маана да веруваме дека сѐ што е органско е добро за здравјето: Разговор со проф. д-р Андреј Петров

Добивај вести на Viber

Иако дневните температури во септември се значително намалени и веќе не се актуелни препораките за заштита на населението од УВ зраци, септемвриското сонце знае да биде причина за голем број промени на кожата, вели проф. д-р Андреј Петров. 

Според него, сонцето е докажан канцероген на кожата и во септември, поради климатските промени на територија на Македонија, тоа е уште јако, па хемиска, или уште подобро механичка заштита на кожата од сонцето се препорачува од страна на дерматолозите. 

Сѐ што ќе се внесе на кожа треба да е внимателно избрано по претходна консултација со дерматолог. На пример, популарно е верувањето дека витаминот Ц, штити од негативните последици на УВ зречењата. Проф. д-р Петров појаснува дека витаминот Ц е моќен антиоксидант, но доколку се нанесе на кожата пред да се излезе на сонце, може да направи голем број контаефекти. 

Исто така, се осврна и на популарните верувања дека сѐ што е од органско потекло е добро, што за медицината не е прифатливо. Медицината ги заснова своите препораки само на научни докази и воопшто не мора да значи дека тоа што е органско е добро или дека неговата употреба нема да доведе до контраефекти по здравјето на луѓето. 

Целиот разговор и дерматолошките препораки на проф. д-р Андреј Петров можете да го проследите на видеото: 


М.С.К