За визуелно подолги нозе и кожа без целулит не се доволни само вежби: д-р Емили Василеска за новата формула за женска грижа

Добивај вести на Viber

Денес, секоја  девојка не сака само да биде слаба – таа сака да биде силна, здрава и природно убава. Според Емили Василеска, докторка и фитнес тренер, која се занимава и со естетска медицина, изгледот и здравјето стануваат сé поблиску поврзани, па така се раѓа нова формула за женската грижа за себе: Фитнес + Медицина + Естетска нега = целосна нега за тело, ум и самодоверба.

- Ќе ги спомнеме трите главни пристапи за здрав живот и колку се тие зависни еден од друг. Медицински пристап. Паметен фитнес, не тренд тренинг! Здравјето е секогаш на прво место. Според спортската медицина женското тело има различни хормонски циклуси, метаболизмот варира во фази од месецот, а претераното вежбање, особено кардио, може да го наруши менструалниот циклус, да доведе до пад на хормоните и оштетување на кожата. Кое е решението? Фитнесот мора да биде прилагоден на женската физиологија, со фокус на: функционално движење, сила без масивност и одмор како клучна фаза од трансформацијата.

Фитнес за облик. Модерната естетика ја вреднува обликуваноста, не слабоста. Фитнесот не е веќе „согорување калории“, туку средство за градење на формата на телото, подобрување на циркулацијата и лимфниот систем и природно тонирање на кожата. Вежбите како glute bridges, plank variations, пилатес придонесуваат и за подобро држење, визуелно подолги нозе и затегната кожа без целулит.

Естетска медицина. Таа е надградба. Девојките кои вложуваат во себе преку фитнес и нега, често избираат и лимфна дренажа, антицелулитни третмани и третмани за стрии, ласерски третмани за кожа, мезотерапија за стомак или лице,  биотин + хијалурон терапии. - посочува д-р Василеска.

Вистинскиот ефект на третманите се гледа само кога телото е во добра состојба – т.е. со добра циркулација, стабилни хормони и редовна физичка активност. Како вели науката: „Еден мезотераписки третман ќе има 3 пати подобар ефект ако телото претходно е подготвено со движење и добра исхрана“. Таа го истакнува и значењето на внатрешната естетика: хормони, кожа и самодоверба.

- Женската естетика не зависи само од огледалото, туку и од: регуларна менструација, како маркер за хормонална рамнотежа, како се чувствуваш во своето тело и каков сјај има кожата без шминка. Еден од најдобрите показатели дека телото е „на вистински пат“ е добриот сон, намалената подуеност, стабилната енергија и природен glow. Можеме да заклучиме дека новата убавина не се крие во филтри или перфектни пропорции – туку во балансиран пристап: Функционално тело + Паметен фитнес + Соодветна нега = жена што зрачи одвнатре. Не се работи само за естетика. Се работи за однос кон себе. Здравјето е најмодерниот тренд и нема замена за него. - заклучува докторката која дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград.

- Во Белград се едуцирав и за персонален тренер и тренер за функционални тренинзи. Моментно сум на специјализација на физикална медицина и рехабилитација во Клиничкиот центар во Белград. На конгресите на физијатри со меѓународно учество одржав предавања на темите „Концепт на медицинскиот фитнес во рехабилитацијата“ и „Персонален тренинг на пациентите со метаболистички синдром“ – појаснува д-р Василеска.

С.А.Н