Хороскоп // Хороскоп
Ана Ивановиќ жена скорпија-Вистинската Афродита на белиот спорт
Тоа што многумина ја прогласуваат за најубава тенисерка на сите времиња не е никакво чудо, бидејќи нејзината натална Венера е над хоризонтот и тоа на врвот на небото. Таа е вистинската Афродита на белиот спорт.
Летото 2016 година, Ивановиќ се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а во август истата година доби германско државјанство.
Ана Ивановиќ е национална амбасадорка на УНИЦЕФ за Србија.
Во својата кариера освоила 6 ВТА турнири и еден гренд слем турнир. Ана Ивановиќ успеала да го освои Отвореното првенство во Франција 2008, победувајќи ја во финалето Динара Сафина, а веќе со самото пласирање во финалето на тој натпревар станала тенисерка број 1 на ВТА листата, кое потоа го загубила.