Животна училница // Приказни
Во Македонија сексапилот е мана
Хелена со мајка и Роза, синот Тиан и ќерката Кјара додека беше во Скопје[/caption]
„Не успеав многу да се одморам. Видов многу луѓе кои ми недостасуваа изминативе години. Имав интензивно, набиено темпо, онолку колку што можев да си дозволам поради мојот Тиан кој има 2 и пол месеци и го дојам. По 18 години, повторно имам бебе и грижата е иста како и за Кјара. Убавината да се почувствува мирисот на бебе исто така. Единствен проблем во наводници е што со 18 годишно дете веќе знам што да очекувам и во наредните години“, ни изјави Хелена.
За животот во Нов Зеланд, таа вели дека е многу смирен, а луѓето таму се многу позитивни и насмеани, и не се чувствува речиси никаков стрес.
[caption id="attachment_1694" align="aligncenter" width="603"]
Хелена, Кјара и Игор[/caption]
„Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот. Луѓето се многу позитивни, насмеани, a ако погледнеш некого подолго од две секунди, ти се насмевнува и те поздравува. Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година, и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе.
Деновите со Тиан и се многу возбудливи, а најмногу уживаат во заедничките утрински прошетки крај океанот, како и ручеците со пријателите, додека Игор и Кјара се на работа.
[caption id="attachment_1697" align="aligncenter" width="603"]
Сопругот Игор со синот Тиан[/caption]
„Откако ќе се прошетаме, правам две различни јадења за Игор и за Кјара, бидејќи воопшто не консумираат
Ми годи што ме паметат по сексапилот[/caption]
„Маркијан најмногу ми недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд. Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати. Многу се радувам што ете бевме тука за нивниот четврти роденден“, вели Хелена за нејзините внуци, близнаците на Ребека.
По две години колку што не е дома, Хелена со жалење заклучува дека ништо не е сменето. „Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе коишто живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето. За жал, ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања , што боли кога гледаш и слушаш“.
[caption id="attachment_1695" align="aligncenter" width="603"]
Секогаш сум имала поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав. - Хелена Роза[/caption]
Пред да замине од Македонија, Хелена освен како Тв лице беше позната и по провокативните фотосесии. Најгледаната и најкоментирана, беше нејзината точка на стриптиз во шоуто „Јас имам талент“ кое во 2009 го изведе во студиото на „Тв Пинк“ во Белград, а се прикажуваше на А1 телевизија. По тој настап, дел од јавноста почна да ја нарекува старлета, коментар на кој Роза секогаш се лутеше и остро реагираше.
„За жал луѓето не ме нарекуваат старлета туку до сега само двајца новинари, поточно еден. А тоа што ме паметат по мојот сексапил не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку, најверојатно не би ги правела тие фотографии. Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода. За жал во Македонија атрактивноста и сексапилот се сериозна мана“, раскажа за „Женски магазин“ водителката.
За Женски Магазин, Милиџа Џаровска