Животна училница // Приказни
Гаро и Аки ги одбиле во музичко како анти-таленти
Диран Тавитијан и Аки[/caption]
Младиот музичар ни откри дека од сите приказни кои ги слушал од татко му и од Аки Рахимовски, најмногу му останала во сеќавање онаа кога отишле заедно на приемен испит во средното музичко училиште во Скопје.
„Отишле татко ми и Аки заедно на приемен, и замисли, професорите ги одбиле. Им рекле дека се неталентирани и без слух. Ги одбил лично Илија Николовски-Луј, чије име го носи денешното средно музичко. Не успеале да го поминат приемниот, но ја основале заедничката група, „Тор“ и го освоиле целиот Балкан. Потоа ги примиле во Вишата музичка школа“, раскажа Гаро за Женски Магазин.
По успехот со синглот „Ocean Dream“, кој го сними со американската пејачка Паула С, која живее во Скопје, Гаро планира уште еден сингл со истата соработничка. На агендата на браќата Тавитјан е и соработка со уште еден голем балкански уметник, за што дополнително ќе информираат.
За Женски Магазин, Милица Џаровска