Животна училница // Приказни
Дајан вон Фурстенберг со совети: Што мора да знае секоја жена пред 30-тата година
Секоја млада девојка според неа треба да ги усвои овие навики пред да наполни 30 години:
- Донесете одлуки за децениите кои доаѓаат
3. Немојте да ја мачите својата коса
„Секој има различна коса а со тоа и различни проблеми. Меѓутоа, обидете се да ги избегнете тешките третмани кои не се здрави за неа. Никогаш не сум ја фарбала, туку користев к'на (природна боја“ , а резултатот е здрава коса во мои години, што е реткост“, појаснила Дајан.
4.Бидете свои и не експериментирајте премногу
Во текот на тинејџерските денови секоја млада девојка се пронаѓа себе во сопствен стил, па во тој случај експериментирањето уште е дозволено. Но со влегувањето во 30-тите се очекува доволно да се познавате и да знаете што ви одговара, а што не. Ако сакате шминка носете ја често, ако не ви се допаѓа - немојте. Влеговте во 30-тите и можете да бидете жена каква што сакате. Престанете со навики кои не ви одговараат. Заклучете која сте и држете се до тоа“, нагласува една од највлијателните жени во модниот свет.
5. Одвојте време за себе
„Пазете секогаш да имате моменти на осаменост. Односот кој го градите со самите себе е многу важен“, гласи уште еден совет од славната дизајнерка.
Таа додава дека е важна и секојдневната активност, да водите дневник, да јадете паметно, да научите да се облекувате за себе.