Моден фокус // Трендови
Ги мразеше штиклите а беше модна икона: Приказната на Грета Гарбо
Една од најголемите холивудски диви на сите времиња Грета Гарбо приватно не го сакала гламурозниот стил. Се облекувала едноставно, практично и андрогено, а најважно и било во облеката да се чувствува удобно.
Нејзиниот пријател, уметникот Сесли Битон, го опишал нејзиниот стил на облекување како мешавина од нешто што би носле уличен бандит, Робин Худ и некој од древна Грција. Обожувала да носи големи гусарски шешири, блузи и каиши кои и давале изглед на романтичен женски витез.
Грета Гарбо ја популаризираше ролката, но и уште пет вонвременски модни икони кои никогаш нема да излезат од мода. Во продавниците и денес можете да купите пет парчиња со кои ќе го копирате стилот на Грета и секогаш да изгледате како дама!
- Црни панталони со широки ногавици
- Блуза со машна
Со панталоните комбинирала еднакво удобни и едноставни блузи, а целата комбинација ја подигнала со машна на блуза врзана кај вратот. - Мантил
Парче за чија популарност Грета можеби е и најмногу заслужна е мантилот. За време на студените месеци сакала да го носи преку џемпер, а задолжително морал да биде „стегнат“ со каиш и кренати јаки.

- Чевли оксвордки
- Шешир