Ѝ почина штотуку родениот син: Пријателката си го побарала назад подарокот за бебето
Кога е соодветно да побарате подарок од некого назад? Одговорот е веројатно: Никогаш!
Но, уште поневеројатно е што некој би помислил дека е во ред да побара подарок од пријател кој штотуку изгубил бебе.
За жал, се чини дека токму ова ѝ се случи на една тажна мајка чија приказна заврши на Редит.
Имено, жената открива дека во 29-тата недела од бременоста родила син кој подоцна трагично почина.
„Не сакав да го изнесам ова овде, но немам друг избор“, напиша жената на својот Фејсбук, а потоа нејзиниот пост заврши на популарната социјална мрежа Редит.
Како што вели таа, нејзината пријателка купила неколку убави подароци што биле наменети за нејзиниот син Бенјамин, кој требало да се роди.
"Плишани играчки, чизми, облека и играчка што свири - јас не ги барав тие работи, како што реков - тие беа подароци за синчето кое беше на пат", се сеќава таа.
За жал, Бенјамин е роден предвреме и починал набргу потоа.
„Една недела подоцна, пријателка ме контактираше прашувајќи дали Бенјамин „користел“ или „допрел“ од работите што му ги купила, бидејќи таа би сакала да ѝ се вратат! напиша жената, очигледно во неверување.
Таа сподели и фотографии од незгодниот разговор по пораки, со нејзината сега веќе поранешна пријателка. Од нив е јасно дека очигледно бесчувствителната жена ја замолила да ја извести што побрзо затоа што би сакала да избегне купување нови подароци за детето на нивната друга другарка и со тоа „да заштеди пари пред Божиќ“.
"Не можам да верувам дека ме прашуваш сега, но да, сè уште ги имам сите работи освен ќебето, бебето ќе биде погребано во него затоа што е топло и мислев дека е убаво. Мислам... се надевам дека е во ред тоа со тебе?!?" ѝ напишала мајката, крежејќи ѝ се срцето.
Можеби мислите дека работите запреле тука, но упорната жена го продолжила разговорот.
„Аууууу, жал ми е затоа што знам дека е тежок период за тебе, жал ми е“, напишала таа, додавајќи: „Само требаше да го знам одговорот пред да ги потрошам парите, има ли шанси да имате уште едно ќебе за бебиња, душо?
Како што рече, ова е убаво и пријатно ќебе, и бебето на Лора може да го искористи“, вели таа.
После ова лудо барање, „пријателката“ брзо додава дека таа е „таму“ за нејзината пријателка ако навистина ѝ треба. Но, наскоро повторно се јавила со предлог следниот ден да дојде лично да го земе ќебето.
"Можеш да имаш сè друго. Ќе ти ги донесам работите. Не доаѓај ти, мојот сопруг е лут поради овие пораки што ми ги праќаш само една недела откако го изгубив моето бебе", одговорила шокираната мајка додавајќи дека спакувала сè освен ќебето кое е со Бенјамин.
Незапирливата жена рекла дека е нетрпелива, и дека мора да го добие подарокот назад од финансиски причини, и целосно бесрамно побарала пари за да ги покрие трошоците за ќебето.
Овој разговор предизвика гнев кај корисниците на Редит и тие заклучија дека станува збор за „ѓубре од личност“.
И никој не оправда да се бараат пари и враќање на подароците од тажната мајка.
извор: index.hr