Нова функционалност во НЛБ мКлик: Брзо, едноставно и дигитално аплицирање за дозволено пречекорување

Добивај вести на Viber

Кажете збогум на чекањето во редици и обемната документација. Отсега, НЛБ Банка ви овозможува да аплицирате за дозволено пречекорување на вашата платежна сметка или да го зголемите веќе одобрениот лимит каде и да сте, кога и да посакате, и целосно он-лајн преку мобилната апликација НЛБ мКлик. Процесот на аплицирање е брз, интуитивен и безбеден. Во моментот кога вашето барање ќе биде одобрено, вашите нови средства се достапни веднаш и без одложување.

За да аплицираат онлајн, клиентите треба да имаат еден од мКлик пакетите со привилегија за плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства за наплата на апликативниот трошок.

НЛБ мКлик е апликација која што ги нуди речиси сите банкарски производи и услуги на едно место. Преку мКлик, клиентите можат брзо и едноставно да пристапат до сите свои банкарски податоци, да го проверат прометот и состојбата на сметките, да вршат интерни трансакции, да плаќаат режиски трошоци и други плаќања кон физички и правни лица, да префрлуваат средства на пријатели или да аплицираат за кредит и кредитна картичка, како и да користат низа други услуги.

За беспрекорно управување со своите финансии, клиентите можат бесплатно да ја преземат апликацијата НЛБ мКлик од PlayStore или AppStore.