3 модели на фармерки и едни кожени панталони: Урбано и шик, од канцеларија до вечерно излегување
Тексасот се заканува да владее оваа сезона како најпосакуван материјал. Ние го прифативме овој тренд од срце и го носиме во сите форми - од кратки здолништа, преку кошули до комбинезони - исто како сите модни инфлуенсери на улиците на Њујорк.
Иако сакаме да експериментираме со модели, шари и текстури, некако секогаш се враќаме на добриот стар тексас. Фармерките се, едноставно кажано, секогаш решение. Високите потпетици и белата кошула ќе ве однесат на пијалок, а со капа и патики ќе бидете подготвени за кошаркарски натпревар.
Ви претставуваме три модели на тексас панталони, со еден посебен додаток, кои се урбани и шик.
Тесен модел
Рамните кроеви, како цигара, со висок струк се најчестиот избор на модните инфлуенсери за опуштена прошетка низ градот, кафе со пријатели или шопинг. Поради својата должина, овој модел лесно се комбинира со патики и високи потпетици.
Балонски панталони
Кога сакате малку да отстапите од дезенот и вашите секојдневни фармерки, а сакате да го задржите истото ниво на удобност, решението се балонски фармерки. Тие ќе го додадат епитетот на кул на секоја комбинација и можат да се носат со разни обувки - од патики до балетанки до гумени чизми.
Шари и светки на тексас
Моделите на фармерки со шари или светки се максималистички сами по себе. Тие се впечатливи, забележливи и далеку од едноставни. Токму поради оваа причина, за вашата комбинација да биде модно прифатлива, потребно е да ги усогласите со парчиња што се спротивни на нив. Еднобојна маица и чевли во иста боја, со дискретна чанта.
Кожени панталони
Есента е совршено време да си играте со текстури во вашиот гардеробер. Кожените парчиња се наши омилени. Ако излегувате навечер, земете ги оние кожни панталони што ви висат на закачалка веќе некое време - нема да ве разочараат.
Фото: Pinterest
Извор: Elle.rs