Анџелина Џоли и Џони Деп се во врска? Холивуд не престанува да збори за овој пар во последните 15 години, а сега сите коцки се вклопија
Холивуд никогаш не престанува да изненадува, а најновата приказна што ја потресе јавноста е онаа за можна врска помеѓу Анџелина Џоли и Џони Деп. Двајцата легендарни актери, кои се познаваат уште од снимањето на филмот „Туристот“ во 2010 година, наводно ја претвориле својата долгогодишна блискост во нешто повеќе.
Хемијата меѓу нив беше очигледна тогаш, но тогашниот брак на Анџелина Џоли со Бред Пит и долгогодишната врска на Џони Деп со Ванеса Паради ставија крај на сите шпекулации за потенцијална врска. Сепак, и покрај бурните години што следеа, пријателството меѓу нив остана силно.
„Сега кога двајцата се слободни, сè стана можно“, тврдат блиски извори на двојката.
Според изворите, Анџелина и Џони биле видени во Лондон и Лос Анџелес во последните месеци, но успеале да се држат подалеку од очите на јавноста.
„Тие се многу дискретни. Прават сè за да останат во сенка и да не привлечат внимание“, вели изворот.
Тајните состаноци наводно не се само пријателски. Деп со години е заљубен во Џоли, а многумина од неговата придружба веруваат дека токму поради неа некогаш бил толку фасциниран од Амбер Херд бидејќи во неа гледал сличности со Анџелина. Според изворите, емоциите се меѓусебни.
„Енџи е целосно воодушевена од него. Таа рекла дека тој е посебен, необичен маж кој ја инспирира и ја поттикнува нејзината креативност“, рекол изворот.
Гласини за можна врска се појавиле и претходно, особено откако Џоли и Бред Пит се разделија. Во тоа време се шпекулираше дека Деп многу ја поддржувал актерката за време на процесот на развод, па дури и ѝ препорачал адвокат. Според извештаите, тој често го посетувал нејзиниот нов дом, а нејзините деца, особено нејзиниот син Медокс, многу го засакале.
Обожавателите на славната двојка се надеваат дека конечно ќе можат да најдат мир, со оглед на тоа колку трауматични биле нивните претходни врски.
Двајцата поминале низ хаос
Дури и како девојче, Анџелина поминала низ семејни распади. Нејзиниот татко, актерот Џон Војт, ја изневерил нејзината мајка, оставајќи длабоки емоционални рани. Во младоста, таа се борела со депресија, самоповредување и зависности.
Нејзините бракови не биле полесни. Првата заедница со Џони Ли Милер траела три години. Потоа следела бурна врска со Били Боб Торнтон, обележана со бизарни гестови како што е носење ампули со крв еден од друг. Најголемиот јавен скандал, сепак, бил бракот со Бред Пит, кој започнал со афера и завршил со болен развод, обвинувања за насилство и повеќегодишна битка за старателство.
Од друга страна, животот на Џони Деп беше подеднакво трагичен и хаотичен. Тој пораснал со насилен татко алкохоличар, а на 16-годишна возраст го напуштил домот. Се борел со пороци, иако раниот контакт со актерот Николас Кејџ му отворил врата кон светот на филмот. Емоционалните врски биле исто така турбулентни, раскинувањето со Винона Рајдер оставило длабока трага, а тој ја сменил тетоважата „Винона засекогаш“ во „Вино засекогаш“.
Најлошата епизода била бракот со Амбер Херд, кој се претворил во медиумска војна полна со меѓусебни обвинувања за насилство и лаги. Иако на крајот судот делумно пресуди во корист на Деп, неговата кариера и углед беа сериозно оштетени.
„Опоравувањето беше полошо од самиот процес“, призна тој во тоа време.
Сепак, сега кога поминале низ бури и изгубиле толку многу, тие можеби се токму она што еден на друг му е потребно за нов почеток. Романсата меѓу Анџелина Џоли и Џони Деп можеби не е изненадување, но тоа е приказна што целиот Холивуд сега внимателно ја следи.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Zena.blic.rs