Бабина торта со модерен пресврт: рецепт кој ве враќа во детството, но се грижи и за вашето тело
Спомените од детството честопати имаат мирис и вкус, а за многумина од нас, тоа се бабината торта. Тој неодолив мирис се шири низ куќата, нè враќа во безгрижни денови и го собира целото семејство околу масата. Бабината торта никогаш не била само десерт, таа е знак на внимание, традиција која се пренесува од генерација на генерација и секогаш има посебно место во нашите срца.
Денес, кога обрнуваме многу внимание на поздрав начин на живот, традицијата не мора да значи откажување од нови идеи. Напротив, бабината торта може да добие малку модерен „зачин“. Доволно е да додадете овошје, протеински крем или да ја збогатите со протеини за да добиете оброк кој е не само вкусен, туку и хранлив.
Протеините се неопходни за нашето тело, тие ни даваат сила, градат мускули и обезбедуваат ситост во текот на целиот ден. Затоа е идеално појадокот да биде богат со нив, а ние ви пренесуваме рецепт кој ги комбинира носталгијата и здравјето: протеинска бабина торта.
Рецепт за протеинска бабина торта
Состојки:
· 2 јајца
· 150 мл млеко (растително или кравјо млеко)
· 1 лажица кокосово масло или путер
· 40 гр овесно брашно
· 30 гр протеински прашок (ванила или чоколадо)
· 1 лажичка прашок за пециво
· Прстофат цимет или ванила, по желба
Подготовка:
Изматете ги јајцата и додадете го млекото и маслото. Во друг сад, измешајте го овесното брашно, протеинскиот прашок и прашокот за пециво. Измешајте ги сувите и влажните состојки и матете додека не добиете мазна смеса. Загрејте гоGorenje апаратот за вафли и мафинии истурете ја смесата во калапот. Печете додека секоја валфа не добие златно-кафеава боја. Премачкајте ја со протеински крем и додадете бобинки или банана за совршен појадок.
За најдобри протеински вафли и бабина торта, можете да го користите Gorenje апаратот за вафли и мафини. Неговите плочи со нелеплива обвивка овозможуваат лесно чистење, а благодарение на исправеното складирање, ќе заштедите простор во кујната. Дополнително, овој апарат доаѓа и со додаток за мафини - совршен избор за сите љубители на брзи и практични решенија.
За подготовката да биде уште послатка, ве очекува супер понуда на мали апарати за домаќинство од Gorenje по одлични цени. Искористете ја можноста и до15.10.2025 година посетете ја веб-продавницата на Gorenje и олеснете си го животот.
*Пр објава