Бидете свои, светот и онака не може да биде задоволен!

Добивај вести на Viber

Во оваа приказна е вткаена голема животна вистина за која секој треба да биде свесен

Едно утро, татко и син отишле на пазар со своето магаре.

Додека оделе, поминал еден селанец покрај нив и со исмевање им рекол: „Магарето служи да ве носи, а не да оди заедно со вас. Зарем не е логично да го јавате магарето? “

Тогаш таткото го ставил момчето на магарето и тие продолжиле по патот. Набргу потоа, наишле на група мажи, од кои едниот им рекол: „Погледнете го овој мрзлив млад човек! Тој го остава својот постар татко да оди додека тој го јава магарето! “

И така, таткото му наредил на својот син да се симне од магарето, а тој седнал на него. На патот, тие сретнале и две жени, од кои едната извикала: „Срамота ви е што така влечете дете со вас? Тој е истоштен од одење, а вие седите“.

Во тој момент, човекот го ставил и момчето на магарето. Кога влегле во градот, таткото забележал дека сите чудно ги гледаат и озборуваат. Некој викнал: „Зарем не се срамите да го оптоварите тоа слабо магаре со вас и со вашиот несмасен син?

И таткото и синот се симнале од магарето и размислувале што да прават. До сега, магарето ги носело, па мислеле дека сега можат да го носат тие него на рамената. Го земале јажето и го завиткале околу нозете на магарето, а потоа го ставиле на рамената.

Шетале низ градот до пазарот, а сите минувачи им се смееле. Одеднаш, магарето се згрчило, го клоцнало момчето, паднало од мостот и се удавило.

„Тоа ќе ве научи“, им рекол старецот кој ги придружувал по патот, „никогаш повеќе не обидувајте се да ги задоволите сите, затоа што не можете да задоволите никого!“.


Можеби ќе ве интересира:

Кога жената е отровна, целото семејство страда!