Мажот е доволно само да постои, а жената да блеска

Добивај вести на Viber

Веројатно сте забележале дека во повеќето домови постои една тивка, но видлива нееднаквост во купатилото.

Не е законски регулирана, нема своја декларација за човекови права и не се дискутира на коференции. Но постои. И тоа како постои. Јасно гласно и секојдневно.

Жената секогаш мирисна, депилирана, дотерана со свежа фризура, со крема за лице, крема за тело, серум за околу очи, па серум за деколте и врет, па маска за лице, па гел за ова, гел за она, три римели, стотици сенки и лакови за нокти, и барем четири руменила за образи и на тоа уште шест-седум кармини.

Таа е дотерана, стокмена и подготвена за денот, за состанокот, за работа, за мајчинство и за сопруга… Таа е тука за сѐ и истовремено е тука за да биде привлечна.

Истражувањата покажуваат дека жените вложуваат два пати, па и три пати повеќе време и пари за лична нега и хигиена отколку мажите. Не затоа што мора, туку затоа што чувствуваат дека така “така треба“.

А мажот?

Е мажот…, тој е најчесто “природен“.

Понекогаш и премногу природен.

Можеби и не се работи толку за немарност, ниту пак стил, туку за нешто што со тек на време поминува во навика.

Као демек “маж сум и што ќе ми е сето тоа“!?

Просто како да постои некое невидливо правило дека мажот е доволно само да постои, а жената - жената треба да блеска.

И така жените се најдоа во една трка, во која никој јасно не им објаснил зошто треба да трчаат и каде е целта…, но сите гледаат колку таа сепак трча. Трча и не застанува.

Од друга страна жените се уморија да биѓаваат приметени само кога се средени. Па почнаа да се “дотеруваат“ повеќе… и уште повеќе.

Парадоксот на денешницата преку кој добивме генерација на девојки, а богами и жени кај кои природното лице е само “верзија без филтер“ од минатата година.

Филери, силикони, нацртани веѓи, вештачки нокти на рацете, а сега веќе и на нозете…

Како да излеговме од битката за внимание, при тоа губејки ги сопствените мерила. И естетика и привлечност и се…

Психолозите велат дека кога вложениот труд на жената не е забележан таа често почнува да се натпревара со самата себе, а таму најчесто битката е однапред загубена, барем во овој случај.

Втората можеби “поблага“, или постаромодна опција е да почне да го бара своето внимание на друго место.

Не мора де тоа нужно друг маж иако најчесто е така, но може да биде јога, планинарење со пријателките, женски викенди и патувања, активности кои исто така не нужно, но најчесто водат до отуѓувања помеѓу партнерите.

Можеби е време да се запрашаме нешто едноставно:

Ако жената се труди да биде привлечна за својот маж, зошто мажот не сака да биде привлечен за својата жена!?

Не бара никој совршенство. Не се работи за модел од насловните страници или од рекламите. Се работи за знак на почит. “Се грижам за себе, затоа што ми е важно да сум ти убав и привлечен“.

Чисти заби, свежо туширање и само малку внимание пред огледало.

Тоа не е каприц. Тоа е љубов во практична смисла на зборот.

Можеби револуцијата на партнерските одоси не започнува со големи зборови и скапи падароци.

Можеби започнува токму во купатилото. Со паста за заби, со шампон, со одразот во огледалото на кое се гледа и малку самосвест.

Зашто љубовта навистина не мириса, но мирисот верувајте, ретко е случаен. И токму по него се сеќаваме на некои нешта. И убави и неубави. 

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се исклучиво лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу: