Дамите што свират офсајд: Женските спортските судијки од Македонија со ФИФА амблеми

Добивај вести на Viber

Пријатно изненадување и вистинско освежување на Светското фудбалско првенство кое се одржа во Катар, 2022 година беше судијката Стефани Фрапарт од Франција. Стефани стана првата жена што судела на машки натпревар на Светскиот куп на ФИФА на натпреварот помеѓу Костарика и Германија.

Да се има женски судии на Светското првенство помага да се испрати позитивна порака за правата на жените во Катар, изјави тогаш Стефани Фрапарт.

Освен Стефани на Светското првенство беа избрани уште две жени судии, Салима Мукансанга од Руанда и Јапонката Јошими Јамашита.

Една таква жена судијка која суди на фудбалски натпревари во Македонија, но и надвор од нашите граници е Ива Пројковска – прва македонска интернационална ФИФА-судијка.

Пројковска е во елитната група на најдобрите 20 судии во Европа. За неа е голем предизвик да се биде во оваа група на судии, пред сè затоа што доаѓа од мала држава како што е Македонија.

„Ја сум многу строга во она што го работам и тоа ме разликува од другите. Едноставно, имам свои принципи во животот и сакам правилата да се почитуваат. А се разбира, мора некој да биде лошиот во приказната и баш тоа сум јас“, изјави Пројковска во едно интервју.

Инаку Ива дипломирала на полициската академија во Скопје, на криминалистичко-криминолошката насока. Постдипломски студии запишала на форензичка физика на Природно-математичкиот факултет и безбедносни науки на ФОН, но сепак работи како фудбалски судија.

Покрај Ива Пројковска ФИФА амблем, доделен од Фудбалската федерација на Македонија имаат уште 5 жени судијки.

Фото: ФФМ и Приватна архива

РЖМ