Животна училница // Приказни
ДЕЛО НА ХИТЛЕР ОДИ НА АУКЦИЈА: Ја насликал својата љубовница

Портрет на млада жена кој го насликал нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе оди на аукција идната недела со почетна цена од 60.000 евра.
Информацијата ја објави германската аукциска куќа Видлер.
Се работи за портрет на Шарлот Лобој, француска жена со која поранешниот нацистички лидер се запознал во Франција во текот на Првата светска војна. Се претпоставува дека биле во љубовна врска.
Сликата е купена од неидентификувани фламански индустријалци во 1967 година. На сликата е млада девојка со црвена марама на главата која и го засенува ликот и кошула со нежни бои со длабоко деколте која делумно ги открива градите.
Хитлер живеел од сликарството во раните 1920-ти, пред да стане нацистички лидер.