Дружењето со другарките, според непишаното правило, секогаш подразбира и пиење кафе – а со тоа и гледање во шолја.
А потоа се појавуваат дилемите: што значи овој или оној симбол?
Freepik
Иако гатањето не може да се смета за научно валидно и точно, многу луѓе веруваат во „оваа метода на предвидување на судбината“, па затоа таа е присутна ширум светот.
Денес ќе погледнеме што значи кога во талогот од кафето се појавуваат одредени броеви:
1
Се смета дека овој број означува нов почеток, нова шанса и успех. Може да се толкува и како целосна животна промена.
2
Сомнеж; колебање меѓу две нешта, можност за двојна среќа или несреќа.
3
Најсреќниот број – често знак за успех или убави вести кои доаѓаат во многу блиска иднина. Често се поврзува со паричен добиток.
4
Некои веруваат дека значи караница со блиска личност, додека други сметаат дека симболизира благосостојба.
5
Голем успех во кое било поле, но може да значи и дека некој блиску до вас плете интриги.
6
Број на љубовта и судбинските настани. Ново познанство, врска или веридба. Ако е свртен наопаку – значењето е спротивно.
7
Ако го видите бројот 7, се верува дека носи огромна среќа на сите полиња. Сè што сте посакале ќе се оствари. Ако има црта низ средината, се смета за лош предзнак.
8
Љубомора, двојна среќа, најава на добри вести. Можеби сте во „нерасплетлива“ ситуација, но исходот ќе биде подобар од очекуваното.
9
Најава на патувања, долги патишта и одмор.
10
Разрешување на сите проблеми. Крај на лошо и почеток на нова, поубава фаза.Извор: Glossy