„Доколку го видите ОВА во домот - веднаш реагирајте“: Граѓаните се жалат на инвазија од отровни инсекти во живеалиштата

Добивај вести на Viber

Жителите на Скопје сè почесто алармираат за појава на необична и застрашувачка глетка во своите домови, за која на социјалните мрежи и форуми кружат фотографии со прашања „Кој инсект е ова?“. 

Станува збор за вид од родот Scolopendra — голема стоногалка со карактеристично тело поделено на сегменти и силни предни нозе кои се всушност модифицирани отровни клиешти. Иако не станува збор за инсект, туку за членконога - многунога, народски често се истоветува со инсект. 

Иако изгледа како нешто што би се видело само во природа или во тропските краишта, Сколопендрата навистина се појавува во урбана средина, особено во потоплите месеци.

 Граѓаните пријавуваат дека ја пронаоѓаат во купатила, подруми или дури во спални соби. Стручњаците предупредуваат дека убодот од овој инсект може да предизвика екстремна болка, отек и црвенило, а во случаи кога ќе дојде во контакт со мало дете, ситуацијата може да биде сериозна.

Во 2014 година е регистриран дури и смртен случај од убод од Scolopendra gigantea, еден од најголемите и најотровни видови. Отровот на сколопендрата содржи серија опасни соединенија – серотонин, хемолитички ензими, кардиотоксични и цитолитички протеини – кои можат да предизвикаат воспалителна реакција, силна болка, па дури и системски симптоми како вртоглавица, гадење или срцеви аритмии.

Најголема грижа предизвикува можноста отровот да дојде во контакт со деца или домашни миленици, па се советува внимателност и веднаш да се побара медицинска помош при убод. Се препорачува зачестено чистење и проверка на влажни и темни места во домот.

Фото: Википедиа