Докторите не веруваа дека гледаат снимки од живо дете, родителите се подготвуваа за погребот на малиот Оливер, ама тој реши да живее

Двегодишното момче Оливер Стауб од Германија преживеало она што лекарите го нарекоа вистинско медицинско чудо. По тешката сообраќајна несреќа во Мексико, неговата глава речиси целосно се одвоила од телото, но благодарение на тим храбри хирурзи, денес тој повторно живее, дише, ги движи рацете и нозете и им дава надеж на илјадници семејства низ целиот свет.
Страшна сообраќајна несреќа се случи на 17 април 2025 година, додека семејството Стауб од Германија престојувало во Мексико, каде што живеат роднините на мајката. Нивниот минибус се судрил со блиндиран камион. Ударот бил толку силен што целото семејство се здобило со сериозни повреди.
Мајката, 32-годишната Лаура, која била зад воланот, си ја скршила раката и доживеала потрес на мозокот. Таткото, 43-годишниот Стефан, скршил неколку ребра. Постариот син Себастијан (5) поминал со посекотина на челото, додека неговиот брат близнак Џулијан останал неповреден. Но, малиот Оливер бил во критична состојба. Седејќи на седиштето во автомобилот, се наведнал напред, главата му била искривена во неприродна положба и престанал да дише.
„Бев сигурен дека е мртов“, подоцна раскажал Стефан.
Тетката на момчето, која возела зад нив, претрчала и започнала со кардиопулмонална реанимација, практично спасувајќи му го животот. Оливер бил итно префрлен во локалната болница, а потоа во Мексико Сити. Таму родителите за прв пат ја слушнале реченицата што им течела низ вените: „Вашиот син нема да преживее ниту една недела“.
Лекарите не верувале дека е жив
Според лекарите, повредата на Оливер била речиси некомпатибилна со животот. Неговиот ‘рбет бил целосно отсечен, коските изгледале како да се исечени. Д-р Мохамед Бајдон, раководител на неврохирургија на Универзитетот во Чикаго, подоцна призна: „Кога ја видов првата снимка, си помислив: „Како е ова момче живо?“
Медицинскиот тим дури им советуваше на родителите да размислат за донација на органи. Стефан и Лаура беа скршени. Разговараа за погребот, за тоа каде би можеле да го погребаат ако се случи најлошото, бидејќи не живееја во Мексико. Сепак, помислата дека нивното дете може да спаси други донесе барем зрак утеха.
„Оливер отсекогаш бил дете полно со живот. Знаев дека ќе сака да им помага на другите“, рече Лаура.
Но, додека се збогуваа со својот син, се случи медицинско чудо. Состојбата на момчето малку се подобри. Лекарите сè уште се сомневаа дека некогаш ќе може да се движи, но родителите не сакаа да се откажат. Научија како да го хранат преку цевка, да го одржуваат дишењето и да му го држат вратот. По 39 дена, Оливер беше отпуштен дома со трахеостомија и ригиден шант-огрлица.
Помош одеднаш пристигнува од познат фудбалер
Семејството не можеше да се врати во Германија, бидејќи летот би бил премногу ризичен, а медицинските трошоци се зголемуваа од ден на ден. Ја продадоа куќата и останаа кај родителите на Лаура.
„Заминавме со куферите пет недели и никогаш не се вративме“, вели Стефан.Барајќи решение, слушнале за д-р Бајдон во САД, кој истражува третман на повреди на 'рбетот со матични клетки. Тој ги предупредил дека шансите се мали, но се согласил да го погледне Оливер. Трошоците за транспорт и операција надминале 300.000 долари, а родителите започнале онлајн кампања. Собраните пари биле доволни само за основни потреби, сè додека не се случило ново чудо. Фондацијата на поранешниот фудбалер Тони Крос понудила да ги плати сите трошоци, вклучувајќи ги операциите и транспортот. Вкупниот износ надминал еден милион долари.
Операција што ги поместила границите
На 11 јули 2025 година, во Чикаго, тим хирурзи предводен од Бајден извршил сложена операција за спојување на черепот и 'рбетот. Тие работеле на предниот и задниот дел од вратот, обновувајќи ги коските и заштитните обвивки на 'рбетниот мозок. Кај двегодишно дете, секој милилитар крв бил клучен.
Во првите денови по операцијата, состојбата била критична. Срцето му застанало неколку пати, бил поврзан на вентилатор. А потоа уште едно чудо. Оливер ја помрднал раката. Докторите мислеле дека е рефлекс, но движењата се повторувале и станал свесен. Почнал да ги стиска прстите на своите родители, да ги движи нозете, па дури и да јаде и зборува.
„Мислевме дека никогаш нема да може сам да дише, а сега свири и пее“, рече д-р Бајдон, додавајќи дека напредокот на момчето ги надмина сите очекувања.
„На почетокот се надевав дека само ќе го стабилизираме вратот, но тој нè изненадува секој ден. Ни докажува дека грешиме на секој чекор.“
Животот се враќа во куќата на Стауб
Денес, семејството живее со родителите на Лаура во Мексико. Дедо ја претворил собата во мала болница и простор за вежбање. Тим физиотерапевти работи со момчето секој ден. Оливер, иако делумно парализиран, зрачи со радост: носи очила за сонце, им испраќа бакнежи на кучињата од соседството и ги пее своите омилени песни.
Неговиот татко води блог кој го следат повеќе од 100.000 луѓе и го бележи секој чекор од неговото закрепнување. Оливер сега ги движи двете раце, обидувајќи се да стане, а родителите се надеваат дека наскоро ќе ја отстранат шант-огрлицата.
„Кога ќе му кажете дека не може да направи нешто, тој го сфаќа тоа како предизвик“, вели Лаура со насмевка.
Напролет следната година, семејството се враќа во Чикаго, каде што Оливер ќе учествува во ново истражување за третман со матични клетки.
„Што ќе постигне? Само тој знае. Ако одлучи да оди - ќе оди. Сто проценти сме сигурни во тоа“, вели неговата мајка.
РЖМ/ИС - ФОТО: социјални мрежи-screenshot