Џанлука Ваки наполни 58 и уште распаметува – роденден со секси стил, огномети и љубов на плажа!

Луксуз, љубов и музика – така изгледаше роденденот на италијанскиот шоумен и диџеј Џанлука Ваки, кој синоќа наполни 58 години и приреди гламурозна забава на плажа, опкружен со најблиските.
Во фокусот на вечерта беа неговата сопруга, прекрасната Шерон Фонсека, и нивната ќеркичка Блу Џерусалема, кои му приредија роденденска бајка. Шерон блескаше во шик комбинација со бели тонови и детали кои го надополнуваа нивниот луксузен стил, додека малата Блу во бело фустанче беше вистинска принцеза на забавата.
Роденденската торта беше украсена со лични фотографии и искрени моменти од нивниот семеен живот, а забавата не можеше да помине без танцување боси по песок и спектакуларен огномет над морето.
Во описот на видеото што го објави на Инстаграм, Џанлука напиша:
„Од вчера сум 58 години млад. Благодарен сум за сè што постигнав, но најважното достигнување ми е семејството што го создадовме. Gracias vida… имам планови да останам засекогаш.“
Секако, тој сам застана и зад диџеј пултот – без кошула, со своето препознатливо тело полно тетоважи, и уште еднаш докажа дека возраста е само бројка, а енергијата и стилот се вечни.