Еротски приказни: ЗАБАВА ВО ПЛАНИНСКИ РЕСТОРАН

Добивај вести на Viber

Додека со Ставре уживавме восхитувајќи му се на езерскиот хоризонт, се слушнаа чекори и весели гласови. Се појавија Теодора и Душан, расположени и насмеани. Тие нѐ поканија вечерва да одиме сите заедно во еден интересен ресторан, што се наоѓаше в планина. Теодора ни објасни дека храната е одлична и дека во локалот има жива музика. Всушност, тоа беше место каде што сите присутни во областа се дружеа, случајни планинари и гости кои престојуваа в планина за да уживаат во свежиот воздух.

  Иако имав желба да останам на клупава, бев љубопитна да го видам ресторанот за кој и во медиумите имав слушано пофални зборови. Со оглед на мојата професија, мојот интерес беше огромен и сакав да отидам да видам која храна е специјалитет и какво пиење се служи. Сакам да почувствувам планинска енергија, преточена во љубезни разговори со сакани луѓе, да се запознам со други посетители и вљубеници на планините. Мигот и моментот на она што ќе го доживеам веќе ми го полнеше срцето и мозокот со позитивни вибрации.

  Се вративме во куќата и се подготвивме. На Теодора ѝ се јави пријател и ѝ кажа дека вечер друштвото ќе се собере во ресторанот и нѐ покани и нас. Таа беше особено горда затоа што вечер ќе се запознаеме и ќе се дружиме со нејзиното друштво.

  Потоа, тргнавме накај ресторанот. Сакавме да ја разгледаме природата пред сосема да се стемни. Патот беше асфалтиран, малку заоблен и околу имаше шуми од бука, даб и елки, што беа распоредени по височина. Ресторанот беше на пола пат височина од високите врвови. Подалеку од него имаше манастир. Помеѓу манастирот и ресторанот имаше една низина и пешачка патека. Од ритчето извираше извор, што се спушташе надолу како водопад и што посебно нѐ одушеви.

  Цел дел беше осветлен. Излеговме од кола и убаво разгледавме. Прекрасна глетка. Ресторанот беше грандиозен на повеќе нивоа. Како се спушташе планината, така тој дел беше понизок. Покривот беше на повеќе нивоа. Жива и железна ограда го обезбедуваа ресторанот, а имаше и алармен систем.

  Теодора објасни дека повеќе газди го раководат и затоа со години успешно функционира. Влеговме внатре, на повеќе нивоа имаше маси со столици и затворени сепариња. На некои места, шишиња вино го украсуваа просторот со мали бочви ракија, а останатото сѐ беше украсено во планинарски дух. Мене особено ме интересираа рестораните и ресторанската кујна.

  Седнавме на маса. По нас се отвори вратата и влегоа двајца мажи и една жена. Тие ѝ викнаа на Теодора: „Тука сме!“ Дојдоа, ја избакнаа и срдечно се поздравија со нас. Другите откажале бидејќи имале обврски и се договориле за друг пат.

  Седнавме на поголема маса. Се претставивме, но низ разговор се ослободивме и поминавме на „ти“. Девојката се викаше Сабина, беше другарка на Теодора. Сабина беше плава, симпатична девојка со извајано тело – вистинска барбика, а Рајко и Ноле беа соседи на Теодора. Рајко беше многу убав, згоден маж, висок со манекенско тело, кој навистина од прв поглед ми се допадна. Ноле беше постар и крупен човек со стомак, брада и очила и беше многу шеговит.

  Нарачаа специјалитети: селско месо, чомлек, пита со коприви и кајмак, пита со тиква, ракија од сливи, вино, домашен сок од вишни и кајсии.   Атмосферата беше многу релаксирана, пиевме, јадевме и се шегувавме, а за кусо време се наполни ресторанот. Амбиентот го надополнуваше живата музика, што очигледно ги знаеше луѓето и знаеше кој е нивниот омилен жанр музика. Музиката почна да ги крева луѓето кои играа со многу желба и елан.

  Сите ние станавме да играме. Ставре ме покани на танц. Ова не беше танцување, туку беше предигра за секс. Игравме припиени еден до друг. Неговите усни ги допираа моите усни. Секое негово присуство ме наелектризираше и имав чувство дека ако сака сега да имаме секс, веднаш ќе му се придружам. Моето тело одеше по тактот на неговото тело.

  На Ставре му заѕвони мобилниот. Го зеде мобилниот в рака и ми шепна: „Ова е Микаел, ќе излезам надвор бидејќи не се слуша ништо“. Му климнав со главата и тој замина. Седнав на место.

  Во меѓувреме, од нигде-никаде се појави Рајко и ме покани на танц. Станав и отидовме на подиумот за играње. Заигравме и го погледнав Рајко во очи. Очите му беа темно зелени и му светеа. Ме гледаше многу копнежливо. Сега сфатив дека му се допаѓам. Откако се запознавме и седнавме, цело време ме гледаше под око. Но, јас настојував да не го гледам.

  Тој започна да ми шепоти на уво: „Каролина, не знаев дека си толку многу убава. Теодора има споменато неколкупати да те повика и да се запознаеме и да се дружиме. Ете, денес бил тој ден и многу ми се допадна уште од првиот миг кога те видов. Од сега, ќе имаме еден пријател повеќе за дружење“.

  Забележав дека беше непристоен и со очите беше готов да ме изеде. Се сетив од каде му е оваа храброст и се сетив и додадов: „Рајко, виното ти помогна да бидеш многу отворен. Не е во ред, првпат ме гледаш и да правиш планови за во иднина?“

  Само се насмеа, се засрами и понатаму ништо не рече. Мене мислите ми отидоа на друго место. Си мислев од кога излезе Ставре надвор да разговара со синчето Микаел, а уште не се врати. Не знам што се случило, а веќе помина повеќе од пола час. Морам да излезам надвор.

Не сакав сама да излегувам, ми беше страв и му кажав на Рајко да излеземе на воздух. Рајко прифати и излеговме. Меѓутоа, Ставре не беше надвор. Му реков на Рајко дека Ставре го нема и се вративме во ресторанот и им кажав на Теодора и на Душан. Душан се исплаши и му кажа на обезбедувањето и на менаџерот. Ние повторно излеговме надвор за да го побараме додека обезбедувањето отиде да ги прегледа снимките.

ОСАМЕНА