Еротски приказни:ТАЈНАТА НА СТАВРЕ

Добивај вести на Viber

Тивка, пријатна есенска ноќ. Доцна есен, а времето беше топло како на крај на лето. Листопадните дрвја ја одбележуваа есента со нивните златни лисја што паѓаа и ја облагородуваа почвата. А ние, се наоѓавме во убав, планински ресторан заедно со пријателите на Теодора. Има ли нешто поубаво од топол амбиент и жива музика што не станаа од маса да играме и да се развеселиме.

  Играјќи со Ставре танц, му се јави синчето и отиде надвор да разговара со него. Помина подолго време но Ставре сè уште го немаше. Јас се загрижив. Излеговме да го побараме, меѓутоа изгледа не беше во близина и не можевме да го пронајдеме.

  Се вративме во ресторанот и им кажав на Теодора и на Душан дека Ставре исчезна. Душан се исплаши и отиде кај обезбедувањето. Повторно излеговме за да го побараме додека обезбедувањето отиде да ги прегледа снимките. Потоа, човек од обезбедувањето излезе надвор и нè извести дека му пишал на Ставре порака и тој му одговорил дека е во манастирот дека и ќе се врати за кусо време. Јас заборавив да му пишам порака или да го побарам на мобилен. Се успокоивме и продолживме со забавата.

  Но, нешто ме копкаше однатре и морав да проверам каде отиде Ставре. Излезе за да разговара со син му, а пишал дека влегол во манастирот. Многу чудно. Им се извинив и ѝ реков на Теодора дека ќе одам в тоалет и излегов надвор.

  Погледнав нагоре. Блескава ноќ! Ѕвездите се распослале низ целото небо. Можеби сакаат да ми го осветлат патот. Имаше светла наоколу, но под ѕвездената заштита се чувствував сигурна и можев слободно да се движам. Отсекогаш ме предизвикуваше нивната светлина и далечина. Толку далеку, а ги чувствував дека се некаде многу блиску, најблиску до мене, дека ме штитат и дека ме бранат.

  Чекорев до крајот на ресторанот. Кога го поминав, забележав долга барака зад ресторанот. „Најверојатно е магацин за храна, не верувам дека таму има некој“, си помислив во себе. Сакав да се вратам назад и почнав да чекорам, меѓутоа слушнав звуци од таму. Се приближив претпазливо и слушнав љубовни звуци. Ми се слушна гласот на Ставре. Се приближив уште поблиску и погледнав.

  Тоа беше Ставре со некоја девојка со плава коса. Не ѝ го видов лицето од неговата глава. Таа беше седната на една маса. Беше полу гола. Ставре и го бакнуваше вратот, продолжи кон градите, па и ги лижеше брадавиците. Всушност, ја галеше по целото тело. Таа вешто се извиваше и припиваше кон него и мјаукаше како некое маче. Во еден момент, таа се наведна и полека му го лижеше „органот“. Тој затрепери под нејзината глава и почна да воздивнува.

  Потоа, тој седна на маса а неа ја качи врз него. Ја галеше по нејзината топла и влажна „внатрешност“ и таа ги рашири нозете „нурнувајќи“ се во него. Фатија заеднички ритам, а нејзините гради блескаа пред неговите очи.

  Гледајќи ги овие љубовни сцени, заклучив дека двајцата се бакнуваа и с галеа во совршен ритам како да се познаваат одамна. Сигурно не им беше првпат. Ако не се заинтересирав што се случува и не излезев, никогаш немаше да дознам. Ова што го видов и дознав ќе ми помогне во тоа што и да се случи понатаму да нема да имам грижа на совест.

  Додека јас размислував, тие продолжија со водењето љубов. Мислев дека ќе прекинат, но Ставре ја сврти одзади, а таа клекна на софата. Изгледаше како дива мачка. Лесно го измеша задникот со нетрпение чекајќи повторно да „влезе“ во нејзините тајни „длабочини“. Ја притисна со дланката до крајот на 'рбетот, нејзиниот задник излезе и се крена повисоко. Повторно тој се „турна“ внатре и таа почна да испушта воздишки.

  Сакајќи да заминам ги погледнав уште еднаш. Женското лице ми беше непознато. Морав да се оддалечам и полека, тивко, се тргнав од нив и се вратив назад. Погледнав во небото.

  Размислував гласно: „Ах, моја природа. Мои победоносни ѕвезди. Секогаш ми го означувате патот и ми ја кажувате реалноста. Истото се случи и вечерва. Бев многу радосна од она што го видов. Тајната на Ставре. Сега може да речам дека лажната надеж е најтешка. Сега се уверив дека може да се потпирам само на себе. Во овие моменти добро е што имам пријатели и се забавувам. На никого нема да кажам ништо“.

  Се вратив во ресторанот. Кога ме виде Теодора, почна на шега да вели: „Вечерва кој како излезе – исчезнува. Ставре исчезна, па Каролина итн.“. Ништо не ѝ искоментирав. Љубезно им се насмевнав на другите и ја зедов чашата да наздравам, како ништо да не се случило.

  Музиката паузираше и по некое време почна пак да свири. Станавме да играме. Душан дојде и ме покани на танц. Теодора ја покани Рајко на танц. Бевме многу интересни. Сите бевме облечени нормално, а игравме дамски игри. Додека игравме, се појави Ставре. Седна на маса и ние престанавме да играме и седнавме да прашаме каде бил досега.

  Ставре почна да лаже, дека бил во манастирот, па дека разговарал со некој монах и дека не забележал кога поминало времето. Дури кога му пратил порака човекот од обезбедувањето, тој се свестил дека не нè известил дека ќе се задржи. Ништо не изреагирав, си гледав во чашата. Не го ни погледнав. Сама на себе си ветив. Не сакав да си го расипам расположението, ниту сакам да ми се правда, ниту да го кажувам пред другите.

  Важно ми беше да добијам искуство, да престанам да им верувам на другите и да се изградам себеси во самостојна личност. Самодовербата и достоинството се градат дел по дел кај секој поединец. Јас морав да се изборам со овие неколку работи што му недостасуваа на мојот карактер.

ОСАМЕНА