Есенска генералка, но по твои правила

Добивај вести на Viber

Есен е времето кога се менуваме: боите, навиките, ритамот. Кафето станува малку потопло, облеката поудобна, а домот… местото каде сè почнува и завршува.

Во светот на постојани состаноци, рокови и обврски, има нешто возвишено во моментите кога ги соблекуваш потпетиците, пушташ омилена музика и го враќаш редот во просторот. Тоа не е само чистење, тоа е мал ритуал на контрола, на мир и на убавина.

Токму тука доаѓа Samsung Bespoke Jet AI Ultra, правосмукалка што не изгледа како алатка, туку како сојузник во твојата секојдневна рамнотежа. Таа не само што чисти, туку создава чувство дека си направила нешто добро за себе.

Замисли ја сцената: саботно утро, мирис на свежо испечен колач, плоча со џез музика, и тивок звук на Bespoke Jet AI Ultra, која ти е десна рака кога ти треба брзина и ефикасност.

Нема влечење, нема кабли, нема тежина - таа работи со тебе лесна, елегантна и неверојатно моќна.Со HexaJet мотор и моќ на вшмукување од 400 W, оваа безжична правосмукалка отстранува дури и најфината прашина од теписи, паркет и агли.
Нема жици, нема гужва – само тивко, контролирано движење низ секој простор.

Интелигентниот AI режим автоматски го препознава типот на површина и ја прилагодува моќта, така што ти не мораш да размислуваш – доволно е само да се движиш.
А со до 100 минути траење на батеријата, можеш да ја исчистиш целата куќа во еден здив, без прекини и кабли.

И најубавиот дел?
Кога ќе завршиш, All-in-One Clean Station™ автоматски го празни садот од прав, без прашина, без контакт, без грижа.Тоа е чистење што не бара напор, туку само твој стил и ритам.Благодарение на SmartThings, Bespoke Jet AI Ultra можеш да ја поврзеш со телефонот и да го следиш статусот, потрошувачката и совети за одржување.Еден поглед во апликацијата и знаеш дека домот е под контрола, дури и кога си во канцеларија.

Бидејќи модерната жена не чисти само простор, таа го организира секојдневието. Тоа е магијата на технологијата што не те заморува, туку те разбира.

Bespoke Jet AI Ultra не е само правосмукалка. Таа е мала револуција во женската дефиниција на „имам сè под контрола“.
Затоа што модерната жена денес не мора да избира помеѓу кариера, дом и себе.
Може да има сè: чиста околина, мир во главата и доволно време за да го облече својот омилен есенски капут и да излезе во градот со насмевка.

Вистинската сигурност доаѓа кога сами ќе се уверите.

Замисли дека за првпат внесуваш нов уред во својот дом. Децата трчаат, кучето љубопитно душка, а ти се прашуваш дали оваа правосмукалка навистина ќе издржи сè?

Samsung ти дава „100 дена за да се уверите 100 %“ – доволно време да ја тестирате, проверите и одлучите, без брзање.Со избраните Jet модели добиваш 2 години редовна гаранција + 1 дополнителна комерцијална, ако го регистрираш уредот и оставиш рецензија,и 10 години гаранција на дигиталниот инвертер мотор – срцето на секоја Jet правосмукалка. Samsung Bespoke Jet AI Ultra - За жената што верува дека чистиот дом не е обврска – туку најубавото чувство на мир

ПР објава