Еве зошто по патување никогаш не треба да го распакувате куферот во спалната соба

Добивај вести на Viber

Сите сакаме да се опуштиме по враќањето од патување, но дали знаевте дека постои една работа што никогаш не треба да ја правите во спалната соба веднаш по враќањето?

Иако е примамливо да го оставите куферот на креветот за побрзо да ги извадите работите, експертите предупредуваат дека тоа може да биде повик за неочекувани гости – болви! 

Да, добро прочитавте. Тие можат лесно да се вовлечат во душеците и да го претворат вашиот сон во кошмар.

Според Мартин Сили, извршен директор на компанија за производство на душеци, најдобро е куферот да го оставите на подот – но надвор од спалната соба. Причината е едноставна: на тврда подлога полесно може да се забележат евентуални болви.

Затоа, пред да ги распакувате работите, внимателно прегледајте го куферот, а по можност и усисајте ја неговата внатрешност, за да се заштитите од овие несакани натрапници.

Безбедноста на вашиот сон е во прашање!