(Фото) Џорџ Клуни наполни 56 години и е лудо заљубен во сопругата Амал!

„Мојот агент ми се јави и ми рече: „Ја сретнав жената адвокатка што доаѓа во твојата куќа, за која ќе се ожениш ", и тоа навистина се случи", изјави неодамна актерот Џорџ Клуни за Дејвид Летерман.
Клуни, кој вчера го прослави својот 56-ти роденден, ужива во својот живот.
„Најсмешно беше што мама и тато тогаш беа на посета, така што постојано беа со нас. Амал и јас само разговаравме, па ја поминавме цела ноќ заедно со разговарање", се сеќава Клуни. Тој вели дека добил е-маил адреса од Амал затоа што требала да му испрати слики од неговите родители што ги фотографирала во неговата куќа. Така почнале да се допишуваат.
„Не знаев дали сака да излезе со мене. Мислев дека сме пријатели", вели актерот. Неколку недели подоцна, Клуни и Амал заминаа на прв состанок во Лондон, а само шест месеци подоцна актерот ја побара адвокатката за жена.
Клуни вели дека секогаш знаеле дека ќе се венчаат во Италија само затоа што се сретнале таму. Три години подоцна, во јуни 2017-та година, Амал и Џорџ ги добија близнаците Ел и Александар. Клуни истакна дека од нивното раѓање, децата се во центарот на вниманието.