Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Елеганција во движење: Каролина Гочева со тренди капут од 6490 денари
- 04 Декември, 2019 21:50
Пејачката Каролина Гочева ја продолжува својата соработка со брендот што е олицетворение на модерната дама, Манго.
Овојпат станува збор за елегантна модна комбинација, совршена за ладните зимски денови.
Фустан во ефектна жолта боја искомбиниран со тренди капут кој чини 6490 денари. Чевлите и чантата ја надополнуваат елеганцијата, која се прикажува и преку фризурата и шминката на пејачката.
Овој дамски изглед и совршените зимски парчиња може да ги најдете во продавниците на Манго или онлајн продавницата на Fashion Group Macedonia.