(ФОТО) Емилија Розман за мајка си: Толку патам по татко ми, што ја запоставувам мојата ѕвезда водилка
Манекeнката и модел Емилија Розман, последно актуелна по својот експресен развод на бракот кој го склучи пред само два месеци, секогаш пишува емотивни пораки посветени на својот починат татко.
Овојпат реши да посвети внимание на својата мајка и да ѝ го честита роденденот со емотивна порака во која напиша:
„Мојата сила, мојот камен потпора, мојата жена ХЕРОЈ! Луѓето што ме познаваат знаат колку патам по татко ми до степен што многу често ја запоставувам личноста која ми е се во животот, ѕвездата водилка без која немаше да успеам во животот. Моето рамо за плачење, мојата утеха, мојата среќа, моите нервни испади. Мојата МАМА. Ти благодарам што постоиш, што баш ти си ми мајка, што ме трпиш сите овие години и што секогаш ми даваш сила да продолжам напред без разлика на се. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАМА, ТЕ САКАМ БЕСКРАЈНО!“