(ФОТО) Евтини и удобни: Рамни сандали кои ќе ги носиме цело лето
Лесните обувки се фаворит за секоја летна комбинација, финиш кој треба да изгледа спектакуларно, а сепак да биде удобен.
Ова лето тоа се ефектниот пар сандали, кои се направени дури и за најтоплите денови.
Од шармантни фустани до лежерни шорцеви и маички, совршениот пар сандали ќе го краси секој изглед, а со својата ефектност и удобност ќе ни помогне да ги преживееме летните горештини.
Оваа сезона рамните сандали се популарни од било кога. Препознатливата удобност направи ова да биде омилено парче обувки кај трендсетерките, но и кај дизајнерите на обувки.
Меѓу најпосакуваните сандали ова лето се оние со многу врвки и детали со школки, но и едноставните и класични сандали со кожено ременче.
Иако акцентот е на неутралните бои, како црна и нијанси на крем боја, кои даваат можност за многу комбинации, сепак во колекциите на брендовите може да се најдат и сандали во јаки неон бои, како и нежни пастелни.