(ФОТО) Ја сакаше само неа: Жената која му го освои срцето на Џеј Рамадановски

Добивај вести на Viber

Денес јавноста беше изненадена и тажна од веста дека Џеј Рамадановски почина на 56-годишна возраст, а ова е жената која беше со него до крајот.

Пејачот на народна музика Џеј Рамадановски важеше за еден од најголемите боеми на јавната сцена.

Покрај неговите песни, Џеј често зборуваше и за неговата поранешна сопруга Нада со која има две ќерки - Ана и Марија. Дека таа била љубов на неговиот живот, докажува и тетоважата на нејзиното име на неговата рака, а тој честопати посочуваше во медиумите дека и е благодарен што го трпела во најлошите негови изданија.

Нада никогаш не била изложена во јавноста, а врз основа на најемотивните народни песни, на сите им е јасно за каква љубов станува збор.

Една од ретките фотографии на Нада ја објави нејзината ќерка Марија кога на Инстаграм и го честиташе роденденот. Погледнете како таа изгледа:


Инаку, Џеј се разболе во својот стан во Доркол, каде беше во строга изолација поради вирусот ковид-19, па екипата на брза помош наскоро пристигна на лице место и започна со реанимација, сепак, и покрај сите напори на лекарот, тој починал.

Џеј имаше операција на срцевиот залисток во Виена пред три години, а потоа лекарите му рекоа дека мора строго да се грижи за исхраната и здравиот живот.


Фото: Инстаграм