(ФОТО) Крштевка и прв роденден за внукот: Д-р Софијанова е баба со стил

Добивај вести на Viber

Позната како една од најдобрите докторки за деца и директорка на Клиниката за детски болести,  проф.д-р. Аспазија Софијанова е дама со прекрасна душа, но и прекрасен стил.

Веќе една година ужива во улогата на баба, со внукот Михаил. Токму пред една недела таа го прослави неговиот прв роденден, а воедно и крштевка.


Малечкиот Михаил е вистински русокос убавец, а со баба Цули изгледаат одлично во елегантни црни комбинации.

-  Приватно, јас сум жена која сака да се негува. Тоа го имам наследено од моите две баби. Двете баби беа дами во вистинска смисла на зборот. Едната имаше завршено факултет во Солун, а другата ја паметам дека секогаш имаше црвени, средени нокти уште додека бев мала. Таа ме носеше во црква секоја недела. Негата и вниманието кое што си го посветуваа е некако нешто јас го носам во себе.  Ме релаксира времето поминато со моите две ќерки. Внатре во себе јас сум жена која има многу љубов - откри докторката во интервјуто за Женски Магазин пред повеќе од две години.

Инаку таа обожава да споделува среќни мигови од времето поминато со внукот.


Фото: Фејсбук-профил на Цули Софијанова