Животна училница // Приказни
(ФОТО) Малата одмазничка расте: Ана Николиќ и ќерката во празнична идила
Пејачката Ана Николиќ за време на бременоста со ќерката Тара си вети дека нема да го открива јавно лицето на девојчето додека таа не одлучи сама кога ќе порасне. Секој пат кога ќе објави фотографии со неа, таа мора да ѝ го скрие лицето.
Ана нема навика често да ја покажува својата ќерка Тара, која ја има од бракот со раперот Стефан Раста, особено затоа што секогаш се грижи за нејзината сигурност и безбедност.
За ќерката неколку пати истакна дека целосно ѝ го променила животот, а под нивната најнова заедничка објава напиша:
„Мојата мала копија A. Малата одмаздничка расте.“
Следна беше објава од прекрасно украсениот дом на девојките, а пејачката под елката си посака вакцина од Дедо Мраз.