Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Моден пораз на Меланија Трамп

Ова е првиот моден пораз на првата дама на САД, велат модните критичари. Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, во Белата куќа го пречекаа претседателот на Полска Андрзеј Дуда и неговата сопруга Агата Корнхаусер-Дуда.
Од друга страна, првата дама на Полска знаела дека ќе се сретне со модната икона, па добро се подготвила. За средбата, Агата избра интересен црно-бел фустан , со појас кој ја истакнува нејзината тенка половина. Со фустанот, таа обу удобни црни салонки со штикла на средна висина.