(ФОТО) Најубавата жена на светот со хуман гест: Бела Хадид воодушеви ќе им помага на бездомниците

Добивај вести на Viber

Една од најубавите жени на светот, Бела Хадид ја воодушеви јавноста со хуман гест што го сподели на својот Инстаграм профил.

Имено, Бела реши да донира облека за бездомници, како и за оние луѓе кои немаат пари.

„Снегот е прекрасен, но секој ден, како што станува постудено, не можам да не помислувам на луѓе кои немаат дом оваа зима. Кои одат секое утро на снегот без ќебе кое им е потребно. Секогаш мислам на луѓе кои не можат да си дозволат топла облека, како и на своите деца, родители… “, изјави Бела и додаде:

„Во оваа тешка година, многу луѓе ги загубија своите работни места, своите домови, а пред се, овој проклет снег ја отежнува ситуацијата и носи тага и обесхрабрување. Поминав низ плакарот и најдов неколку топли работи, јакни и палта да ги испратам до „The Peppers Table New York“, кои ќе ја соберат облеката и ќе ја постават низ градот и ќе им ја дадат на луѓето на кои им е потребна облеката. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено во текот на зимата “, наведува моделот.



Фото: Инстаграм/belahadid