(ФОТО) Рестораните празни, народот на плоштад: Голема раздвиженост во цетарот на Скопје
Пред повеќе од недела дена Град Скопје и покрај поделените мислења на граѓаните за тоа дали да се украси градот или не, го наќити новогодишно центарот на главниот град.
А, од петокот, од 18 декемри, рестораните и кафулињата и сите останати угостителски обекти работат до 18:00 часот, како дополнителна мерка за заштита од коронавирус.
Но, тоа не ги спречи граѓаните да се прошетат низ Скопскиот центар. Најмалите им се радуваа на украсите, тие се врткаа околу елката, а повозрасните со кафе во рака, или топло чајче на отворено си муабетат со блиски или пријатели.
Фотографиите кои ги направи нашиот фоторепортер укажуваат на тоа дека центарот на Скопје вчеравечер, беше преполн. Дел од граѓаните носеа маски, но имаше и такви кои не носеа.
Во ваква атмосфера, тешко е возможно да се одржува дистанца. Граѓаните се збираат пред куќичките, за кои од Град Скопје беше најавено дека годинава нема да бидат поставени на плоштад. Куќичките кои продаваат кафе, десерти и освежителни пијалоци. Годинава е забранета продажбата на алкохол, за разлика од претходните години кога речиси секоја тезга нудеше греано вино.
Фото: В. Тануровски