(ФОТО) СОНОТ И СЕ ОСТВАРИ: Клои Кардашијан официјално стана мајка

Добивај вести на Viber

Клои Кардашијан официјално е мајка!

33 годишната реалити ѕвезда од серијата „Keeping Up With the Kardashians“ на свет донесе девојче. Ова е нејзиното прво дете а таткото е нејзиното момче Тристан Томсон.

Клои се породи пред време ако се земе предвид фактот дека терминот и беше до крајот на месецов.

Други детали засега на јавноста не и се откриени, пишуваат американските медиуми.


Породувањето на Клои доаѓа последователно по гласините дека Томсон ја изневерил во ноќен клуб а наводно се појавија и видео снимки. Сепак никој од Кардашијанови засега не се огласи по овие две теми.

Неодамна Клои сподели фотографија од нејзинот стомак со емотивна порака пишувајќи дека нејзиниот сон сега е остварен.