Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Тамара Тодевска во „Replay“ папучи со панделка што мора да ги имате
- 09 Мај, 2019 20:45

Тамара Тодевска со нејзиниот тим ужива во Тел Авив, каде што на 16 мај ќе ја претставува нашата земја на „Евросонг“ со песната „Proud“. Тие силно веруваат дека ќе настапат и на финалето, на 18 мај, а на 20 мај задоволни ќе се вратат дома.
За дневните стајлинзи на пејачката се задолжени брендовите на „Fashion Group“, а Тамара дефинитивно ги избира најубавите парчиња.
Овојпат таа ги покажа своите тренди папучи со панделка од „Replay“ кои чинат 5090 денари. Истите папучи може да ги најдете и во жолта боја.