Животна училница // Приказни
(ФОТО) За годишнина од брак си направи свадба: Јасмина Мукаетова вторпат невеста
Со класична свадба, наместо со забава, македонската фолк-пејачка Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче Ристевски синоќа прославија една деценија брак. На веселбата во една позната винарија присуствувале над 150 гости, меѓу кои најрасположена била Благица Павловска која неколкупати се фатила за микрофон.
Мукаетова со семејството живее во Њу Џерси и во родната земја допатува специјално за јубилејот. Има два сина, Дине и Зуко. Со сопругот со кого направија венчавка и во Лас Вегас потекнуваат од Кавадарци, но нивната љубов се роди во Америка додека таа беше на турнеја.