Животна училница // Приказни
(ГАЛЕРИЈА) На Охрид му се заканува еколошка катастрофа, а сепак изгледа како бајка
Охрид, како и секоја година е убаво украсен пред Новогодишните празници. Иако времето викендов не беше многу сончево, температурите кои се пријатни за прошетка ги измамија охриѓани да излезат и да прошетаат по кејот и низ центарот на градот.
Речиси сите локали, рестораните и кафулињата, иако работат до 18 часот се новогодишно украсени, и предноговогодипната атмосфера во Охрид се чувствува повеќе преку ден отколку навечер.
Нивото на охридското езеро последниве неколку месеци е доста повлечено, а еколозите стравуваат за растителниот и животинскиот свет, особено за опстанокот на плашицата во Охрид.
Погледнете каков е Охрид во декември преку објективот на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски.
(М.Џ.)