Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје!

Добивај вести на Viber

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.

Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен. 

ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.

Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.

Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.

Го освои светот. Го покори Tomorrowland, ја разниша Ibiza, Атина, Париз и Берлин и сега, и сега, неговиот звук и енергија ќе ја разбудат и арената „Борис Трајковски“. Една ноќ, еден звук, една визија – ARGY LIVE EXPERIENCE.

Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5693